Вовед

Раѓање на нов живот е најубавото нешто што жената може да го направи. Сепак, заради неизбалансираност и делумно недоволната исхрана, бурен модерен начин на живење и страв од прекумерна телесна тежина во текот на бременоста, жените често ги потценуваат сите последици. МамаВит® е внимателно избалансирана и безбедна формулација на додаток во исхраната, за да бидете сигурни дека сте направиле све што би можеле за Вашето бебе да биде максимално згрижено пред, за време и по бременоста.

Пред бременоста подгответе го телото за зголемени напори и снабдување со хранливи материи кои што му недостигаат. Во текот на секој триместар е многу значајна поддршката на растечкиот фетус со најдобар избор на храна, без штетни несакани ефекти. По раѓањето Вашето тело е изложено дури и на поголемо оптоварување, поради хранливите потреби на доењето.

Прашајте го Вашиот гинеколог за МамаВит® и овозможете му на Вашето бебе и себеси крајна грижа во трите најважни периоди од Вашиот живот.